Размената на ученици во започна во недела 12.06.2022- кога учениците пристигнаа во Нови Сад.
Тие го започнаа нив прв ден со доаѓање во RG Smart, кога учениците од Smart им го претставија на учениците од Алгоритам нивното школо. Имавме дискусија за стереотипи и предрасуди, а подоцна игравме игри поврзани со темата. Нашата следна активност беше запознавање со знаковен јазик и снимивме видео каде покажавме неколку џборови на знаковен јазик. Потоа работевме на нашиот IT проект ( Веб страна). Следно имавме пауза за ручек и се шетавме покрај Дунав.
Во вторник и среда имавме работилница за асертивна комуникација и за знаковен јазик каде што ја учевме азбуката. Пак работоевме на нашата Веб страница и после напорната работа се одморивме со пауза за ручек. Во вторник вечер бевме на церемонија која што ја организирашеRGSmart. Во театарот го гледавме мјузиклот Брилијантин. Беше многу убава вечер. Од друга страна во среда попладне имавме спортски активности на Штранд.
Четвртокот го посветивме за разгледување на градот, ја посетивме тврдината Петроварадин и Сремски Карловци музеј. Исто така имавме и традиционална храна за вечера.
Последниот ден ја завршивме Веб страната и имавме конференција кеде што ги прикажавме нашите финални резултати од нашиот проект.